Волонтери

SOS: 0800 11111

Отворена Порта верува дека општество без волонтери е статично, општество кое заостанува зад другите, затоа што ентузијазмот на поединците е вредност која преставува главен дигател на промените кон подобро.

Отворена Порта го поддржува волонтеризмот и им овозможува на социјалните работници, психолози, правници и педагози да ги надградат своите капацитети и да ги развијат своите вештини, преку волонтирање во организацијата. Отворена Порта редовно организира и спроведува обуки наменети за волонтерите а подоцна им обезбедува и практична работа и реализирање на разни активности преку програмите на организацијата. За повеќе информации обратете се на тел: 00389 2 2700107 или на е-маил:lastrada@lastrada.org.mk