
Бидејќи трговијата со луѓе е меѓународен проблем, од тука и напорите за превенција и борба против овој проблем се на интернационално ниво. Од таа причина Отворена Порта го третира овој проблем на меѓународно и национално ниво вклучувајќи се во Ла Страда мрежата во февруари 2001. Ла Страда мрежата се состои од 8 организации од Белорусија, Бугарија, Чешка Република, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Украина и интернационалниот секретаријат со седиште во Амстердам, Холандија.
Ла Страда мрежата е насочена кон кон проширување на меѓународната соработка, размена на знаења, информации и искуства, помеѓу нејзините членови и давање поддршка на невладини организации за прашањето на трговијата со луѓе. Во рамките на Ла Страда мрежата, сите членови лобираат на меѓународно ниво пред институциите на Европската Унија и Организацијата на Обединетите Нации и ги застапуваат и бранат правата и интересите на тргуваните лица. На локално ниво, Ла Страда развива соработка со националните владини тела и обезбедува заштита и превентивни активности за тргуваните лица и лицата кои што се наоѓаат во ранлива позиција и се под виско ризик од трговија со луѓе.
Денес Ла Страда е водечка европска мрежа со 15 годишно искуство, препозната по својата работа и експертиза од страна на националните влади и меѓународни институции која што својаата политика ја насочува против трговијата со луѓе, назат кон суштината, а тоа е: Да запре експлоатацијата, насилството и злоупотребата.
За повеќе информации за Ла Страда Интернационална посетете го следниов линк: www.lastradainternacional.org